„Во комуникација со PayPal знаеме дека предусловите се исполнети. Во следниот круг на земји кои ќе бидат вклучени ќе биде и Македонија, но тоа ќе зависи од PayPal. Не се работи за вклучување на една земја, туку на вклучување на група земји. Затоа условите треба да бидат исполнети од сите.“
</надополнување>
Кога на сајтот на PayPal пред неколку недели се појави нова листа со промени за надоместоците во наплаќањето во кои беше вклучена и Македонија. Ова даде надеж дека конечно, после најави уште од 2008-09-та година, во Македонија ќе може да се префрлуваат пари, купува и продава на Интернет преку популарниот финансиски сервис.
Денес е 26.09, два дена после најавениот старт на промените, и нема ниту збор за влегување на PayPal во Македонија. <Надополнето:> Сега датумот на стартување на промените за надоместоци на плаќањето е поместен на 11-то октомври. (tnx Даниел) </надополнување >
Всушност, ниту кога се појави листата пред две недели немаше ниту еден официјален извор да го потврди тоа. Министерството за информатичко општество како по обичај само најави соопштение кое се уште се нема случено, додека од PayPal тогаш рекоа дека тоа што Македонија е додадена е всушност грешка.
Пред некој ден на Сител се појави и ИТ министерот Иво Ивановски. Во таа вест се наведе дека „набрзо“ (без одреден датум) ќе може да се плаќа со PayPal. Но за примање пари… пааа… ќе требало да се почека „уште некоја година“. Ова значи дека најавената е-трговија е всушност еднострана, македонските корисници ќе нема да можат да продаваат свои добра.
Инаку, во Србија веќе на 22.09 беше најавено дека српската Народна банка објави соопштение дека нема препреки за PayPal да дојде во земјата и дека наскоро српските граѓани ќе можат да купуваат, наплаќаат и префрлуваат пари преку PayPal. Сепак и во Србија го нема PayPal сè уште.
Во меѓувреме членови на форумот на IT.com.mk, и од други форуми, велат дека е можно отворање PayPal профил преку НЛБ Тутунска Банка, но доколку се пријавите како да сте од Словенија. Ова беше изгасено претходно, се чини дека повторно функционира.
Clik here to view.

The post Надежта последна умира: Помина 24-ти, нема PayPal во Македонија appeared first on IT.mk.