Владата се согласи да се спроведе во дело концептот на ИТ министерот Иво Ивановски за „отворени електронски услуги“. Концептот е да се искористата јавни и други информации од државните институции за со нив да се креираат веб сервиси или мобилни апликации од страна на компаниите кои би ги исполниле „строго дефинираните правила и стандарди“. Компаниите ќе имаат слобода да ги продаваат и заработуваат од тие електронски сервиси продавајќи му ги на крајниот корисник.
Профитот сигурно би мотивирал голем дел од компании побрзо да развијат свој електронски сервис и да го понудат на граѓаните, и со тоа да ги пополнат празнините за е-услуги за чие креирање на Министерството за информатичко општество би му требало време.
МИО го најави и cloud computing концептот, односно воведување на централен провајдер на хардвер и софтвер за владините системи и апликации. Моментално се разгледува идејата дали МИО да биде провајдерот, или да биде оставено на приватни компании.
Според ИТ министерот, концептиве ќе можат да се спроведат по усвојување на новиот Закон за јавно приватно партнерство кој ќе се усвои до крајот на 2011 година.
(via Rupert Ganzer/ Flickr)
The post Владата го прифати концептот на МИО за „отворени е-услуги“ appeared first on IT.mk.