Македонскиот пазар на .мк и .com.мк домени ќе се либерализира, што значи дека правни лица и компании ќе можат да се пријават како регистранти на .мк домените кои до сега ги издаваше Македонската академско истражувачка мрежа, МАРНет. Либерализацијата се случи една година од кога беше првично најавена. Во меѓувреме следуваше укинување на правилникот на МАРНет, и реорганизација на регистарот.
Од денес заинтересирани фирми што сакаат да го продаваат врвниот домеин .мк ќе можат да се пријават во #МАРНет.
— Ivo Ivanovski (@iivanovski) November 13, 2012
Според ИТ министерот Иво Ивановски либерализацијата ќе овозможи компанииите онлајн да продаваат домени, односно „секој ќе може да регистрира домејн од било кој компјутер, од било кој пристап до интернет“.
„Наш интерес е што повеќе регистрирани веб страници да бидат на .мк. затоа што овој индикатор се мери во голем број индекси, меѓу кои глобалниот индекс за иновации во ООН и ЕУ. Очекуваме дека со либерализација на овој сегмент на пазарот ќе можеме да покажеме уште еднаш дека имаме развиено информатичко општество и ова ќе биде првиот чекор на новини кои што ќе доаѓаат од МАРНЕТ.“, вели ИТ министерот Ивановски.
Новите регистрари ќе бидат регистрирани во наредните недели, по што ќе следи и официјална листа и соопштение за корисниците.
Дали ќе се покачи цената на домените?
Кога го правевме интервјуто со директорот на МАРНет, Сашо Димитријоски, беше најавено дека цената ќе остане иста, но сепак ќе зависи од другите регистрари. Цитатот беше „сепак е бизнис“, што значи и дека ќе сакаат да заработат, но со повеќе на пазарот ќе има и поголема конкуренција. Целото интервју може да го прочитате тука.
The post Конечно! Македонскиот интернет домен ќе се либерализира appeared first on IT.mk.